СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОПЕРАЦИИ СО ВОЗДУХОПЛОВ
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДЕЛ SPO ОД АНЕКС VIII НА РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) БР. 965/2012
На 1 Април 2021 година, односно по транспонирањето на Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 за воздушни операции со Правилникот за летачки операции (Службен весник на Република Северна Македонија број 283/2020), специјализираните операции со авиони и хеликоптери се регулирани со дел ЅРО од наведената регулатива. Ова ги вклучува воздушните операции кои досега беа вообичаено нарекувани „воздушна работа“ и за кои операторот добил Уверение за исполнување на безбедносните услови за вршење воздушна работа.
Процедуралната разлика помеѓу претходните процедури и новите процедури е тоа што операторот сега нема да биде сертифициран и нема да му биде издаден сертификат или дозвола, туку ќе мора самостојно и со целосна одговорност да декларира усогласеност и подготвеност за такви операции со декларација која претставува изјава до Агенцијата за цивилно воздухопловство, со што ќе влезе во системот на континуиран надзор на сите потребни елементи за усогласеност.
Што е потребно за постигнување усогласеност
За да се постигне усогласеност, операторот мора да се придржува кон следните делови од Регулативата (Анекси), Подделови и Прифатливи средства за усогласеност и упатства како што е дефинирано во Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 за воздушни операции:
| Комерцијални SPO оператори | Барања за комерцијални оператори опишани во |
| со CMPA | Дел-ORO во релевантни делови/Дел-SPO во целост |
| со nCMPA | *Дел-ORO во релевантни делови/Дел-SPO во целост |
| Во случај на извршување операции со висок ризик | Дел-ORO во релевантни делови/Дел-SPO во целост |
| Некомерцијални SPO оператори | Барања за некомерцијални оператори опишани во |
| со CMPA | Дел-ORO во релевантни делови/Дел-SPO во целост |
| со nCMPA | Дел-NCO (главно NCO.SPEC) |
(n)CMPA – (не)комплексни авиони на моторен погон
*Некои комерцијални SPO операции (натпреварувачки или демонстративни летови, падобрански летови, влечење едрилици и акробатски летови) може да бидат предмет на усогласеност со Дел-NCO (особено NCO.SPEC) кога се спроведуваат во согласност со SPO.GEN.005 (c):
Натпреварувачки или демонстративни летови, под услов плаќањето или друг надомест за таквите летови да е ограничено на покривање на директните трошоци и придонесот кон годишните трошоци да е пропорционален и наградите да не ја надминуваат вредноста утврдена од надлежниот орган.
Падобрански, едриличарски или акробатски летови извршени од организација за обука со главно седиште во земја-членка и одобрена во согласност со Регулативата (ЕУ) бр. 1303/2013 1178/2011, или организација основана со цел промовирање на воздухопловни спортови или рекреативна авијација, под услов воздухопловот да го користи организацијата врз основа на сопственост или закуп на воздухопловот без екипаж, летот да не генерира профит што се распределува надвор од организацијата и кога учествуваат лица кои не се членови на организацијата, таквите летови да претставуваат само дополнителна активност на организацијата.
Што може да биде ново за операторите на SPO
Усогласеноста со Дел-ORO и Дел-SPO значи следново:
- Операторот на SPO мора да има воспоставен систем за управување и мора да ги опише своите операции во прирачник за работа, вклучувајќи SMS (Систем за управување со безбедноста) и CMS (Систем за следење на усогласеноста);
- Мора да бидат назначени номинирани лица;
- Потребен е валидиран MEL (Листа на минимална опрема), доколку е применливо.
По постигнување на усогласеност со барањата на SPO, операторот мора да достави декларација до Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Операторот на SPO мора да ја пополни оваа декларација и да ја испрати до Агенцијата за цивилно воздухопловство. Операторот на SPO ќе добие потврда за прием на декларацијата и копија од валидираната декларација. Ова исто така влегува во програмата за континуиран надзор.
Операторот мора да ги има двата примени документи во воздухопловот.
Забелешка: При поднесување на декларацијата до Агенцијата за цивилно воздухопловство, операторот не треба да поднесе никаква друга документација освен ако не аплицира за ново Специфично одобрение (SPA) во согласност со Дел SPA од Анекс VI на Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 или за овластување за спроведување операции со висок ризик (видете подолу).
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОПЕРАЦИИ СО ВИСОК РИЗИК
Некои комерцијални SPO операции се сметаат за операции со висок ризик (видете ја листата подолу). За операции со висок ризик, надлежниот орган мора да издаде овластување пред да се отпочне со реализација на операциите.
Список на комерцијални специјализирани операции со висок ризик:
- Операции со надворешен товар на хеликоптер (HESLO);
- Операции со човечки надворешен товар (HEC);
- Операции во кои се испуштаат штетни супстанции од леталото за време на летот и кога испуштањето на супстанциите влијае врз маневрирањето на леталото;
- Специјализирани операции над густо населени области или над групи луѓе на отворено при што летовите се извршуваат под минималните пропишани височини;
- Операции со влечење банер над густо населени области;
Горенаведениот список не е конечен. Агенцијата за цивилно воздухопловство може, по сопствено дискреционо право, да го измени и дополни овој список во согласност со промените во законската регулатива, следењето на трендовите во индустријата, известувањето за статистика, проценката на опасностите и ризиците итн.
Систем за управување
Треба да се воспостави систем за управување (или постоечкиот систем да се дополни за да ги вклучи релевантните барања за операции на SPO) во согласност со AMC1 ORO.GEN.200 (а) и во согласност со сложеноста и големината на бизнисот:
- за организации кои се сметаат за некомплексни оператори со контролни листи и документирани процеси;
- за организации кои се сметаат за сложени оператори со комплетен систем за управување во согласност со AMC и GM од ORO.GEN.200.
Забелешка: Детали за критериумите за сложеност може да се најдат во AMC1 ORO.GEN.200 (б).
Оперативен Прирачник
При структурирање на прирачникот за работа, операторите на SPO треба да го следат образецот за структура на SPO во согласност со AMC4 ORO.MLR.100.
Доколку операторот веќе поседува важечки Сертификат за воздушен оператор (AOC) за операции за кои не е потребна декларација (на пр. превоз на патници и товар), прирачникот за работа на SPO не треба да се интегрира во постојниот прирачник за работа на CAT, туку треба да се дизајнира како самостоен прирачник за работа исклучиво за SPO.
Стандардни оперативни процедури (СОП)
Развојот на стандардни оперативни процедури е потребен и за комерцијални и за некомерцијални специјализирани операции. Врз основа на проценка на ризикот, операторот треба да развие стандардни оперативни процедури (СОП) за специјализираната операција и воздухопловот со кој се управува.
Форматот на СОП што опишува операција на СОП е наведен во SPO.OP.230 и неговите прифатливи средства за координација и упатства. СОП може да се интегрираат во оперативни прирачници или да се издадат како самостојни документи.