ПочетнаБезбедностПријавување на настани

АЦВ има регулаторни надлежности поврзани со воздухопловните инциденти.
Извршувањето на овие регулаторни функции опфаќа: организација на пријавувањето и испитувањето на инциденти во сите области од воздухопловството, надзор на воздухопловната индустрија за воспоставените процедури и систем за пријавување на несреќи и инциденти, анализа, евиденција и известување на воздухопловната индустрија и меѓународните организации за инцидентите и друго.

Цел на пријавување на настани во воздухопловството

Целта на пријавувањето на настани во воздушниот сообраќај е да се придонесе за подобрувањето на безбедноста преку идентификација на сите информации кои се поврзани со настани од воздухопловната безбедност, со нивното прибирање и анализирање се овозможува проактивна и реактивна идентификација на безбедносните ризици, заради спречување на евентуални несакани последици и подобрување на мерките за безбедност.
Следењето на воздухопловната безбедност е составен дел и една од основните функции на Агенцијата за цивилно воздухопловство, за таа цел Aгенцијата воспостави систем за пријавување настани во воздухопловството.

Постојат два начини на пријавување настани до АЦВ и тоа:

Задолжително пријавување на настани

Според важечките законски и подзаконски одредби со кои е регулирано пријавувањето настани во воздухопловството во РМ и според позитивните меѓународни прописи , одредени лица и овластени организации имаат обврска да пријавуваат настани во воздухопловството до Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Доброволно пријавување на настани

Доброволното пријавување овозможува секој да пријави настани поврзани со безбедноста, ризици или проблеми во безбедноста, за кои не се бара да се пријават според системот за задолжително пријавување.

© Copyright 2019. All Rights Reserved

Developed by Unet