Аеродроми во Република Северна Македонија
Мрежата од аеродроми во Република Северна Македонија се состои од:
- Два аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај:
– Меѓународен Аеродром – Скопје и
– “Св. Апостоп Павле” – Охрид - Пет спортски аеродроми со тревнати полетно-слетни патеки:
– Скопје – Стенковец,
– Куманово,
– Штип,
– Битола и
– Прилеп, адекватни за сите типови на спортска авијација. - Шест леталишта за авиони на стопанска авијација, кои вршат услуги главно за земјоделието и шумарството: Логоварди Битола, Даме Груев Битола, Сарандиново Прилеп, Црвени Брегови Неготино, Каратманово Велес и Пеширово Св. Николе.
Меѓународен Аеродром - Скопје
Полетно-слетната патека на скопскиот аеродром е со должина од 2.450 m и ширина од 45 m, со систем за таксирање и платформа со 15 паркинг места за сите типови на авиони, почнувајќи од генералната авијација, до B747 и AN 124.
Аеродром Св. Павле Апостол Охрид
Полетно-слетната патека на аеродромот “Охрид” е со должина од 2.550 m и ширина од 45 m, заедно со 13 паркинг места за разни типови на авиони, од генерална авијација, па до авиони од типот на TU 154.
Аеродромот е оддалечен 9 km од градот, а се наоѓа на 708 m надморска висина. Референтната температура на воздухот изнесува +27,7 целзиусови степени (во август).
Последната реконструкција на охридскиот аеродром беше изведена во текот на 2004 година, кога беше инсталиран нов светлосен систем за прва категорија, заедно со нов систем на приодни светла. Останатите особини и можности на аеродромот овозможуваат полетување, слетување, маневрирање и прифат на авиони од најмала категорија, па до референтниот TU 154 тип.
Оператор на аеродромите
Оператор на аеродромите во Република Северна Македонија отворени за меѓународен воздушен сообраќај е “ТАВ МАКЕДОНИЈА” ДООЕЛ кој ги превзема аеродромите на 01 Март 2010 година од предходниот оператор АД “АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА”.
Контакт информации можат да се најдат на:
www.airports.com.mk и на www.tavairports.com