Некомерцијални летачки операции со некомплесен воздухоплов на моторен погон (NCO):

Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012 која што е транспонирана со Правилникот за летачки операции (СВ на РСМ 195/2024) за утврдување на технички барања и административни процедури во врска со воздушните операции, која што е изменета со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 800/2013 објавена на 14 август, 2013 година ги вклучува барањата за некомерцијално работење со некомплексни воздухоплови на моторен погон (Part-NCО).

За операторите на некомерцијални воздушни операции согласно Анекс NCO, не е потребна декларација.

Дефиниција за комплексен воздухоплов на моторен погон:

„ комплексен воздухоплов со моторен погон “ значи:

  • авион: со максимална сертифицирана маса на полетување поголема од 5 700 кг, или сертифицирана за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од деветнаесет, или сертифициран за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или опремени со турбо-млазен мотор (и) или повеќе од еден турбопропелерски мотор, или
  • хеликоптер сертифициран: за максимална маса на полетување поголема од 3 175 кг, или за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од девет, или за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или
  • воздухоплов со променлив агол на роторот.

Воведни летови:

Воведни летови можат да извршуваат организации за обука или организации создадени со цел да се промовира воздухопловството за спорт или рекреација, под услов воздухопловот да го управува организацијата врз основа на сопственост или закуп, летот да не генерира профит распределен надвор од организацијата и секогаш кога се вклучени лица кои не се членови на организацијата, таквите летови да претставуваат само маргинална активност на организацијата.

Операторите со некомплексни воздухоплови на моторен погон кои извршуваат воведни летови мора да ги почитуваат одредбите од Упатството за оператори за извршување воведни летови број 08-489/1 – OPS/NCO-GM-001 изд.01/ рев.00 од 03.04.2025 година, во согласност со став (d) NCO.GEN.103 или ARO.OPS.300.

Летови со споделени трошоци:

Согласно член 6 став 4а. под (а) од ЕУ Рег. 965/2012; член 3 став 2 под (а) од ЕУ Рег. 2018/1976 и член 3 став 2 под (a) од ЕУ Рег. 2018/395, може да се вршат приватни летови, каде што пилотот и патниците ги делат директните трошоци на летот.

Што се летови со споделени трошоци?

Летовите со споделени трошоци се приватни летови каде што трошоците (на пр. гориво, надоместоци, осигурување, изнајмување авиони) ги делат пилотот и патниците како поединци.

Летот може да се извршува со:

Некомплексни авиони и хеликоптери

Балони

Едрилици

Летовите не се дозволени како дел од комерцијалната активност на компании или здруженија и не смеат да генерираат профит.

ВАЖНО:       Летовите со споделени трошоци со ултралесни воздухоплови (ULА) не се дозволени.

Услови за имплементација:

За да се реализира лет со споделени трошоци, мора да бидат исполнети следните услови:

Може да учествуваат максимум 6 лица (максимум 4 за балони и едрилици),

Трошоците може да се делат само помеѓу пилотот и патниците (исто така, пропорционален дел од годишните трошоци за балони и едрилици),

Летовите не смеат да бидат акробатски или сензационални,

Пилотот е одговорен за безбедноста и усогласеноста со законот,

Летовите се извршуваат во согласност со барањата на Европските регулативи (ЕУ) бр. 965/2012 (Дел NCO) , транспонирана со Правилникот за летачки операции, СВ на РСМ 195/24; (ЕУ) бр. 2018/395 (Дел BOP), транпонирана со Правилникот за летачки операции со балони и пилоти на балони, СВ на РСМ 189/25 и (ЕУ) бр. 2018/1976 (Дел SAO), транспонирана со Правилникот за летачки операции со едрилици и пилоти на едрилици СВ на РСМ 220/25.

Обврски на пилотот

Осигурајте се дека летот е осигуран во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 785/2004, транспонирана со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен весник на РМ бр. 88/2005, 70/2006, 81/2008, 47/2011, 135/2011, 112/14, 145/15, 220/19)

Не управувајте со летот ако условите не се безбедни,

Спроведете брифинг пред летот со патниците и дајте упатства за безбедност,

Користете ја контролната листа објавена од Агенцијата,

Водете евиденција за летови со споделени трошоци најмалку 24 месеци,

Информирајте ја Агенцијата за намерата за управување со летови со споделени трошоци на info@caa.gov.mk и на ops@caa.gov.mk

Обврски на патниците

Патниците мора да ги следат упатствата на пилотот во врска со безбедноста, багажот и однесувањето за време на летот. Тие исто така можат да пријават безбедносни инциденти.

Објавување на летови со споделени трошоци

Пилотот мора јавно да објави информации за работењето на летови со споделени трошоци (на пр. на веб-страницата, социјалните мрежи или со флаери). Објавените информации мора да вклучуваат:

Име на пилотот, дозвола, искуство, лекарско уверение,

Тип на воздухоплов, лет, осигурување,

Спецификација на трошоците (удел во директните трошоци на патниците),

Известете дека ова е приватен лет, а не комерцијален воздушен транспорт.

Skip to content