Директорот на АЦВ Стојаноски им ја врачи наградата на учениците од ООУ „Лазо Трповски“ кои учествуваа на меѓународен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај во Берлин
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, денеска им ја врачи наградата на учениците од IV-а одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, кои добија признание од специјалното жири на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија.
На доделувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, како и директорката и наставниците од ООУ „Лазо Трповски“.
Честитајќи им на учениците за освоеното признание, директорот Стојаноски истакна дека нивниот успех е доказ дека љубопитноста, креативноста и знаењето немаат граници, а нивната посветеност и учеството на меѓународен натпревар со воздухопловен предзнак се особена гордост за Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Тој нагласи дека преку своите креативни дела, учениците не само што го претставуваат своето училиште, туку придонесуваат и кон промоцијата на македонското цивилно воздухопловство пред домашната и меѓународната јавност.
„Вашите макети, вашите идеи и начинот на кој го доживувате воздухопловството покажуваат дека за вас небото не е само нешто што го гледаме над нас. Тоа е простор за размислување, создавање и сонување“, истакна Стојаноски.
Директорот посочи дека интересот на најмладите за воздухопловството е особено значаен, бидејќи токму денешните ученици се идните генерации кои ќе го развиваат овој сектор. Тој ги охрабри да продолжат да учат, да создаваат и да ги следат своите интереси, посочувајќи дека можеби токму меѓу нив се идните пилоти, инженери, контролори на летање, воздухопловни техничари, експерти за безбедност и сигурност, како и други професионалци во воздухопловниот сектор.
„Нашата обврска не е само да се грижиме за безбедноста и сигурноста на воздухопловниот сообраќај денес. Наша обврска е да придонесеме и за создавање на генерации кои утре ќе го развиваат воздухопловството“, порача директорот на АЦВ.
Во знак на внимание и поддршка, покрај освоената меѓународна награда, АЦВ на учениците им додели и пригодни подароци со воздухопловни мотиви.
Агенцијата за цивилно воздухопловство со гордост ја продолжува својата поддршка на иницијативи кои кај најмладите ја поттикнуваат љубопитноста, креативноста, знаењето и интересот за воздухопловството, како една од значајните и перспективни области на иднината.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк





