информации од јавен карактерОбезбедување во цивилното воздухопловство

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ЦИВИЛНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

  • Обезбедување во цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување (Aviation security) претставува збир на мерки и активности кои се комбинација на човечки и техничко-технолошки средства наменети за заштита на цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување. Овие дејствија на незаконско постапување (грабнување на воздухоплов, подметнување на експлозивна направа во воздухоплов или на аеродром, диверзија, саботажа и сл.) станаа особено актуелни по настаните од 11 септември 2001, по што уследија големи напори на глобалната заедница за унапредување на севкупните мерки и активности заради заштита на патниците, екипажите, аеродромскиот персонал и општата јавност од ваквите дејствија.
  • Со зголемување на бројот на патници и летови и користење на бројни технолошки решенија и технологии од страна на воздухопловната индустрија, со цел да им обезбеди на субјектите и патниците најдобро корисничко искуство, цивилното воздухопловство стана цел на сајбер-напади, што доведе до потребата од воведување на нови стандарди и регулативи за сајбер безбедност, додека улогата на Агенцијата за цивилно воздухопловство е да обезбеди сајбер-ризиците да се земат во предвид при дизајнирање, развој и работа на субјектите на воздухопловна индустрија и нивна контрола со цел избегнување на негативни ефекти и врз безбедноста на цивилното воздухопловство.
  • Во согласност со стандардите и препораките на ICAO, ECAC и EU, Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни и контролно-надзорни надлежности во однос на имплементацијата на мерките за обезбедување во цивилното воздухопловство од страна на субјектите на воздухопловната индустрија. Во тој контекст, преку донесувањето на Национални програми, Уредби, и други подзаконски акти се пропишани општите правила за обезбедувањето на аеродромите, авиопревозниците, давателите на услуги на воздухопловна навигација, регулирани агенти за карго и пошта, овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет и др. субјекти, правилата поврзани со сајбер безбедноста, како и правилата за обуката на персоналот за обезбедување и сертификацијата на персоналот, како и правилата кои се однесуваат на контролата на квалитетот во примената на мерките.
  • Системот за обезбедување во цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување (Aviation security) е под постојан мониторинг од страна на овластени експерти/инспектори на ICAO, ECAC, како и експерти/инспектори на Европската комисија. По редовните и дополнителните проверки, од нивна страна е донесена оцена за висок степен на усогласеност со меѓународните стандарди и препораки.
Skip to content