Некомерцијални операции со комплексни воздухоплови
Некомерцијални летачки операции со комплесен воздухоплов на моторен погон
Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012 која што е транспонирана со Правилникот за летачки операции (СВ на РСМ 195/2024) за утврдување на технички барања и административни процедури во врска со воздушните операции, која што е изменета со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 800/2013 објавена на 14 август, 2013 година ги вклучува барањата за некомерцијално работење со комплексни воздухоплови на моторен погон (Part-NCC). Операторите на комплексни авиони со моторен погон (CMPA) и хеликоптери вклучени во некомерцијални операции ќе ги декларираат нивните способности и начините за исполнување на нивните одговорности поврзани со воздухопловните операции и во поглед на управувањето со воздухопловите во согласност со одредбите наведени во Анекс III (Part-ORO), Анекс VI (Part-NCC) и Анекс V (Part-SPA) на Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 965/2012. Овие правила во Република Северна Македонија се применуваат од 01 април 2021 година.
Комерцијална активност значи секоја летачка операција за надомест или друга противвредност, која е достапна за јавноста или, кога не е достапна за јавноста, а се извршува според договор помеѓу воздушниот оператор и клиент, каде што клиентот не го контролира операторот. Секоја работа што не се квалификува како комерцијална е некомерцијална работа и мора да биде во согласност со делот NCC.
Дефиниција за комплексен воздухоплов на моторен погон:
„ комплексен воздухоплов со моторен погон “ значи:
- авион: со максимална сертифицирана маса на полетување поголема од 5 700 кг, или сертифицирана за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од деветнаесет, или сертифициран за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или опремени со турбо-млазен мотор (и) или повеќе од еден турбопропелерски мотор, или
- хеликоптер сертифициран: за максимална маса на полетување поголема од 3 175 кг, или за максимална конфигурација на патнички седишта повеќе од девет, или за работа со минимум екипаж од најмалку двајца пилоти, или
- воздухоплов со променлив агол на роторот.
Ова се анексите на Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012 кои содржат правила за NCC операции:
I – Дефиниции
II – Дел-ARO
III – Дел-ORO
V – Дел-SPA
VI – Дел-NCC
Операторите на NCC операции се должни да ја поднесат до Агенцијата за цивилно воздухопловство Декларацијата (OPS-FRM-023), пред да започнат со некомерцијални операции во согласност со NCC.GEN.140.
Исклучок:
Во согласност со Регулативата (ЕУ) бр. 2016/1199 од 22 јули 2016 година за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 965/2012, операторите на комплексни воздухоплови со максимална маса при полетување (MCTOM) од 5700 кг или помала, кои се погонувани од турбопропелерски мотори, по исклучок, можат да вршат некомерцијални операции во согласност со Анекс VII, Дел-NCO, а не во согласност со NCC, што значи дека тие не мора да обезбедат, на пример, организација за управување, не мора да поднесат декларација или да се придржуваат кон другите барања поврзани со NCC.
Кои се обврските на NCC оператори?
Пред да извршуваат операции во согласност со Дел-NCC, операторите мора да обезбедат усогласеност со соодветните делови – ORO, NCC и SPA.
Следниот чекор е да се обезбеди:
- Систем за управување (MS);
- Прирачник за управување (OMM), кој може да се интегрира во OM;
- OM усогласен со AMC2 или АMC3 од Дел ORO MLR.100;
- оперативна усогласеност со Дел ORO на EASA, каде што е применливо, усогласеност со целиот Дел NCC и делови од SPA и SPO, каде што е применливо;
- поднесување декларација до Агенцијата за цивилно воздухопловство;
- можна листа на „Специфични одобренија“.