Лиценцирање
Одделението за лиценцирање при Секторот за безбедност на летачки операции во Агенцијата за цивилно воздухопловство е надлежно за лиценцирање на персоналот во воздухопловството.
Одделението за лиценцирање ги извршува следниве функции:
- водење регистар за персоналот во воздухопловство и останатиот стручен персонал, овластени испитувачи и одобрени организации за обука;
- изработка на обрасци и процедури за издавање, продолжување и обновување на дозволи и овластувања на персонал во воздухопловство;
- издавање, продолжување, обновување, промена, суспендирање и повлекување на дозволи/овластувања/уверенија/одобренија на персонал во воздухопловство;
- изготвување на Листа на воздухопловни стручњаци за спроведување на испити и проверки на персонал во воздухопловство;
- организација и спроведување на испити за проверка на стручната оспособеност на летачки персонал;
- именување и овластување на испитувачи за спроведување на испити вештина и проверка на стручност за летачки персонал;
- признавање на завршени обуки, програми за обука и положени испити; стекнати дозволи и овластувања во странство;
- издавање/продолжување на уверение на организација за проценка на јазична компетентност/центар за тестирање;
- сертификација на центри за AMC и одобрување и продолжување на уверенија за AME;
*НАПОМЕНА: Секоја уплата што се извршува по соодветен PEL/MED да биде во денарска противвредност според тарифникот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство издава дозволи/уверенија за персонал во воздухопловство и друг стручен персонал.
Е-маил адреси на Одделението за лиценцирање
pel@caa.gov.mk
exam@caa.gov.mk