информации од јавен карактерАЕРОДРОМИ И АЕРОДРОМСКИ УСЛУГИУСЛОВИ ЗА ГРАДБА И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРЕПРЕКИ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Со прилог 3 од Правилникот за аеродроми и препреки (линк до Правилникот за Аеродроми и препреки),  се утврдуваат минималните услови за преземање на активности воз просторот (просторни зафати), изградба на објекти, поставување на уреди или опрема, движење на возила или одржување на вегетација, a кои претставуваат препреки воздухопловството и се наоѓаат:

  1. во рамките на рамнините за ограничување на препреки на аеродромот или леталиштето или
  2. вон рамнините за ограничување на препреки на аеродромот или леталиштето
  • издвоен антенски столб со висина над 30м,
  • оџаци со висина над 30м,
  • далноводи под напон од над 100кВ на премин преку автопат,
  • мерни станици за ветер и ветерници со висина над 30м и
  • сите други објекти повисоки од 100м.

Минималните технички и други стандарди во овој прилог cе засноваат стандардите и препорачаните практики од Анекс 14 на Конвенцијата за мегународно цивилно воздухопловство (во понатамошниот текст: Чикашката Конвенција), прирачниците од областа аеродроми на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IСАО), ЕУ Регулативата 139/2014 и соодветните СS,АМСи СМна ЕАSА 13 Одредбите на овој прилог не се однесуваат на препреки кои се во надлежност на операторот на аеродромот за кој е издадено уверение во согласност со ЕУ Регулативата 139/2014и соодветните СS, АМСи СМ на ВASA

Барање може да достави било кое правно или физичко лице во архивата на Агенцијата за цивилно воздухопловсто или електронски (со електронска потпишана документација) на електронска пошта: info@caa.gov.mk.

Барање за согласност се доставува со урбанистичко планска или проектна документација во прилог, од сите нивоа на просторно и урбанистичко планирање, или со соодветни прилози.

Во прилог на барањето се доставуваат и докази за уплата на административна такса и платен надоместок согласно тарифникот на Агенцијата. (тука може да се стави линк што би ги водел странките директно до Тарифникот)“

Skip to content