информации од јавен карактерАЕРОДРОМИПРЕПРЕКИ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Со Прилог 3 од Правилникот за аеродроми и препреки, се утврдуваат минималните услови за преземање на активности во просторот (просторни зафати), изградба на објекти, поставување на уреди или опрема, движење на возила или одржување на вегетација, a кои претставуваат препреки воздухопловството и се наоѓаат:

а) во рамките на рамнините за ограничување на препреки на аеродромот или леталиштето или
б) вон рамнините за ограничување на препреки на аеродромот или леталиштето

  • издвоени антенски столбови, оџаци и водени кули со висина поголема од 30м,
  • далноводи, жици, кабли со напон поголем од 100кВ на премин преку автопат,
  • мерни станици за ветер и ветерници со висина над 30м и
  • сите други објекти повисоки од 100м.

Минималните технички и други стандарди во овој прилог cе засноваат на стандардите и препорачаните практики од Анекс 14 на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, прирачниците од областа аеродроми на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IСАО), ЕУ Регулативата 139/2014 и соодветните СS, АМС и GМ на ЕАSА.

Одредбите на овој прилог не се однесуваат на препреки кои се во надлежност на операторот на аеродромот за кој е издадено уверение во согласност со ЕУ Регулативата 139/2014 и соодветните СS, АМС и GМ на EASA.

Инвеститорот на објектот/објектите доставува пополнет образец на барање за издавање согласност до архивата на Агенцијата за цивилно воздухопловсто или електронски (со електронска потпишана документација) на електронска пошта: info@caa.gov.mk.

Барање за издавање согласност се доставува со проектна документација во прилог, во електронска верзија во *.dwg формат со котиран карактеристичен пресек на објектот/ите и приказ на надморската височина на кота +/- 0.00.

Во прилог на барањето, исто така, се доставуваат и докази за уплата на административна такса и платен надоместок согласно Тарифникот на Агенцијата.

Skip to content