информации од јавен карактерОперативна директива за безбедност

Применливост:
Сите лица кои имаат важечка дозвола за пилоти на крила за слободно летање, која е издадена од страна на воздухопловни власти на странска држава или друго тело, кое е овластено по прописите на таа држава за издавање на дозвола за пилот на крила за слободно летање.

Дефиниција:
За потребите на оваа Оперативна директива за безбедност (ОДБ), се применуваат следните дефиниции:

Нема

Причина:
Потикнати од последниот сериозен инцидент кој се случи на 09.07.2019г. во кој странски пилот на параглајдер се здоби со сериозни телесни поведи и согласно податоците со кои располага Агенцијата за цивилно воздухопловство кои укажуваат на честа појава странските пилоти недоволно да се информираат за прописите и ограничувањата за летање со крила за слободно летање во Република Северна Македонија и да извршуваат летови без претходна најава и координација со надлежната контола на летање, недоволно познавање на теренот, метеоролошките услови, ограничени, забранети и/или условно забранети зони и т.н., како и зголемување на нивото на личната безбедност на пилотите на крила за слободно летење и безбедноста на другите учесници во воздушниот сообраќај.

Врз основа на горенаведените причини Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија ја издава оваа Оперативна директива за безбедност.

Потребна активност и време на придржување:
Од денот и времето на влегување во сила на оваа ОДБ, пилоти на крила за слободно летање кои не поседуваат дозвола издадена од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија односно се носители на дозвола издадена од страна на воздухопловни власти на странска држава или друго тело, кое е овластено по прописите на таа држава за издавање на таа дозвола не смеат да вршат летови на територијата на Република Северна Македонија доколку истете не се организирани и координирани од страна на овластен школски центар и/или инструктор за летање со крила за слободно летање кој е сертифициран/овластен од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија.

Забелешка:
Забрането е извршување на било какви летечки активности со крила за слободно летање доколку пилотот не поседува соодветно лекарско уверение и важечка дозвола издадена од Агенцијата за цивилно воздухопловсто или од страна на воздухопловни власти на странска држава или друго тело, кое е овластено по прописите на таа држава за издавање на таа дозвола.

Забелешки:

  1. Резултатите од процената на безбедноста укажаа на потребата од итно издавање и известување, без целосна постапка на консултации.
  2. Прашањата во врска со оваа ОДБ треба да се доставуваат до Агенцијата за цивилно воздухопловсто.

Електронска пошта: е – mail:info@caa.gov.mk

Skip to content