За вршење на работите од областа на цивилното воздухопловство е основана Агенција за цивилно воздухопловство (во натамошниот текст: Агенција) која е независно регулаторно тело со јавни овластувања утврдени со Законот за воздухопловство.

Агенцијата ги извршува надлежностите предвидени со прописите на Европската Унија и меѓународните воздухопловни стандарди и препорачани практики во својство на надлежна воздухопловна власт за регулирање, лиценцирање, сертификација и надзор во цивилното воздухопловство во Република Северна Македонија, кои се дејности од јавен интерес.

Агенцијата во својата работа и при донесување на одлуките во рамките на своите овластувања е целосно политички, финансиски и функционално независна од друг државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво што врши дејност од областа на воздухопловството и е непристрасна кон нив

Агенцијата ги има следниве надлежности:

  • врши работи од својот делокруг во согласност со прописите од областа на воздухопловството, како и врз основа на Националната стратегија за развој на воздухопловството и меѓународните договори од областа на воздухопловството, ратификувани од Република Северна Македонија, со цел за безбедно и редовно одвивање на цивилното воздухопловство,
  • врши надзор над примената на прописите од областа на цивилното воздухопловство,
  • учествува во подготовка на предлог на закони од областа на воздухопловството,
  • подготвува, донесува и изменува подзаконски акти од областа на воздухопловството кои се предвидени со овој закон, како и подзаконски акти со кои се пропишува спроведувањето на стандардите на Европската Унија и меѓународните стандарди, препорачани практики и нормативи од областа на воздухопловството во согласност со одредбите на овој закон,
  • спроведува постапка за пристап на давателите на земски услуги на аеродром на пазарот на земски услуги на аеродром на трети лица,
  • одобрува изземања, исклучоци и отстапувања од примената на прифатените меѓународни стандарди и препорачани практики кога е тоа предвидено со нив,
  • одобрува Зборник на воздухопловни информации,
  • води постапка и донесува управни акти за издавање, продолжување, обновување, ограничување, промена, суспендирање, повлекување и/или пренос на исправи и други управни акти кога тоа е утврдено со овој закон и подзаконските прописи донесени врз основа на овој закон, како и евиденција на истите,
  • врши регистрација на воздухоплови, аеродроми, леталишта и евиденција на терени,
  • предлага мерки за развој и примена на нови технологии во воздухопловството,
  • врши заштита на правата на патниците, правата на патниците со инвалидитет и намалена подвижност во воздушниот сообраќај,
  • издава одобренија за летање и дезигнации за домашни авиопревозници,
  • изготвува и/или препорачува литература од областа на воздухопловството и упатства за субјектите на воздухопловната индустрија и
  • врши други работи утврдени со прописите од областа на воздухопловството.

Органи на Агенцијата се: Управен одбор и директор.

Претседателот и членовите на Управниот одбор ги именува Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, со можност за уште еден мандат.

Со работата на Агенцијата раководи директор. Директорот на Агенцијата го избира Управниот одбор на Агенцијата по пат на јавен оглас

Внатрешната организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство е уредена согласно надлежностите кои се утврдени со Законот за воздухопловство, Законот за облигационите и стварно-правните односи во воздушниот сообраќај и другите законски и подзаконски прописи

Во Агенцијата се формирани следните организациони единици:

  • Сектор за поддршка
    • Одделение за правни работи и човечки ресурси
    • Одделение за меѓународни работи и регулатива
      • Оддел за одобрување на летови
    • Одделение за финансиски работи
    • Одделение за јавни набавки
    • Отсек за општи работи
  • Сектор за безбедност на летачки операции
    • Одделение за летачка оператива
    • Одделение за пловидбеност и регистар
    • Одделение за лиценцирање
      • Отсек за воздухопловна медицина
  • Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација
    • Одделение за аеродромски услуги и инфраструктура
    • Одделение за воздухопловна навигација
    • Одделение за обезбедување (Security)

Во Агенцијата надвор од горенаведените организационите единици постојат и функционираат Советници на директорот, Кабинет на директорот, Одделение за тренинг и едукација, Одделение за информатички технологии и Одделeние SQS и мониторинг на усогласеност.

ОРГАНОГРАМ и Правилник за внатрешна организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Skip to content