01.12.2015

 

Ако ви доцни авионот може – отштета и до 600 евра

Авиокомпаниите што ќе доцнат повеќе од три часа ќе мора да им исплатат отштета на патниците од 250 до 600 евра во зависност од далечината на летот. Оваа одлука на Европскиот суд на правдата ја официјализираат и европските воздухопловни власти. Таа ќе важи за сите авиокомпании, ќе биде задолжителна, патниците ќе можат да си побараат отштета само ако задоцнувањето или одложувањето на летот не се однесува на вонредни околности кои се надвор од контрола на компанијата. Патниците можат да си побараат отштета од 250 евра за релации до 1500 километри, 350 евра за релации до 3500 километри и 600 евра и повеќе за релации над 3500 километри, вели Јандреоски

Македонија бележи напредок во последниве неколку години во авиобизнисот. Колку сегашните услуги соодветствуваат со потребите на бизнисот и секторот за туризам?

Во исклучително голема мерка соодветствуваат на потребите како на бизнис секторот, така и на патувачката јавност, која од различни причини приватни, туристички..доаѓа или заминува од земјава. Ако пред неколку години од македонските аеродроми директно можеше да се стигне само со десетина линии, сега на располагање на патниците, за приватни и бизнис релации им стојат 27 дестинации до престижни европски и светски дестинации.

Ова сигурно е клучно, како за големиот проект Инвестирајте во Македонија, зашто за квалитетни инвестиции од странство, неопходни се добри комуникации, пред се авиосообраќај, така и за зголемениот број на странски туристи во земјава, кои ползувајќи ги евтините авиолетови, доаѓаат во земјава и на тој начин оставаат девизни средства, не само во туризмот туку и во добар дел на стопанските гранки кои се во тесна корелација со туризмот.

Развојот на воздухопловството во земјава, и прилагодувањето на авиосообраќајот на потребите на патувачката јавност, и тоа како влијаат и врз во растот на бројот на туристи од странство кој континуирано бележи нагорна линија,но и врз севкпниот позитивен бизнис амбентот во земјава.Дека ваквите развојни компоненти не остануваа незабележани, говори и Неодамнашниот извештај на Светската банка, која нотираше дека имаме силен напредок во создавање услови за бизнис во годишниот извештај за Дуинг бизнис.

Морам уште еднаш да нагласам дека, од исклучително значење за развојот на македонскиот воздухопловен сектор, имаа и проектите за субвенционирање на летови од страна на Владата на Република Македонија, проект кој се реализира во изминативе неколку години и кој покажа извонредни резултати. Од една страна значително го зголемија бројот на луѓе кои патуваат од или во Македонија или практично овозможија поголема мобилност за граѓаните на Македонија. Да можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието, здравството, а се разбира и од областа на туризмот.

Современ и европски профилиран воздушен сообраќај претпоставува и високо квалитетна стручност и обученост на кадарот. Вие како прв човек на АЦВ, вложивте напори, да обезбедите обука на воздухопловниот персонал во АЦВ во голем број странски центри за едукација?

Со задоволство можам да истакнам дека, напорите да обезбедиме што поголем број едукации за македонскиот воздухопловен кадар во престижни едукативни центри, имаа максимално поволен резултат.Имено, Агенцијата за цивилно воздухопловство, поднесе 5 апликации за одобрување на техничка помош до Европската комисија за одржување работилници и организирање на експертска мисија и истите и беа одобрени во целост.

Во текот на ноември и декември 2015 год,. Агенцијата за цивилно воздухопловство заедно со Европската комисија ќе биде коорганизатор на четири TAIEX регионални работилници во областа на цивилното воздухопловство. Воедно, одобрени се дополнителни апликации за техничка помош од страна на Европската комисија за организирање на уште три регионални работилници од областа на цивилното воздухопловство во текот на февруари и март 2016 год.

Целта на работилниците е запознавање на воздухопловните власти во земјата и регионот, како и на сите заинтересирани страни од воздухопловниот сектор во земјата со главните аспекти на регулативите на ЕУ во областа на воздухопловството, со цел да се обезбеди поддршка за спроведување на регулативите во Република Македонија, како и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, обврски кои произлегуваат од Спогодбата за Заедничка европска воздухопловна област, склучена помеѓу ЕУ и повеќе земји од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Република Македонија.

Воедно, регионалниот аспект на работилниците претставува солидна основа за соработка и размена на искуства и ставови помеѓу цивилните воздухопловни власти од регионот, во насока на подобрување на нивното работење и олеснување на интеграцијата во ЕУ.

Покрај обуките успеавте и инспекторите во АЦВ, да ги опремите со современо софверско решение, со кое брзо, ефикасно и безбедно ќе вршат прибирање и обработка на податоците од терен?

Токму така, задоволен сум што со помош на Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА), успеавме да обезбедиме за инспекторите нова иннформатичко технолошка опрема, на која ќе биде инсталирано софтверско решение, со кое брзо, безбедно и со лесно прилагодливо управување со податоци, инспекторите ќе вршат инспекциски надзор во делокругот на своето работење.

Поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран.

Новото софтверско решение, ќе ги обработува, собира и менаџира податоците во дефинирани извештаи, ќе нуди различни типови на визуелизација на податоците во вид на дијаграми, прикажување на мапа, графици, табели и слично, во согласност со надлежноста на инспекторскиот, раководниот и менаџерскиот тим во АЦВ.

Мониторирањето на задоволството на клиентот од извршените проверки од страна на инспекторот ќе се реализира преку иновативен, напреден и автоматизиран систем ULTIMA® Customer Relationship Management (CRM).

Морам да напоменам дека, покрај иннформатичко технолошка опрема за инспекторите, ТИКА на АЦВ и донираше најнов тип на технолошко информатичка опрема за другите вработени, која исто така ќе бидат во функција на брзо, безбедно и ефикасно реализирање на инспекциските надзори на воздухопловниот тим, но и на останатиот персонал во АЦВ.

Кои се новите предизвици кои стојат пред вас како регулаторно тело на воздушниот сообраќај во земјава?

Продолжуваме со нашата меѓународна активност и напорите уште повеќе да го засилиме авиосообраќајот од и кон земјава. Во преговори сме со повеќе светски авиокомпании за вклучување во македонскиот воздушен сообраќај, со што ќе го потврдиме евидентниот растеж и на бројот на нови линии и зголемувањето на бројот на патници, а очекуваме и натамошно зголемување на бројот на прелети над Република Македонија кој годинава забележа позитива од 35% повеќе прелети во однос на 2014-тата година.

Ова сигурно ќе влијае на економскиот раст во земјава, а се разбира и на имиџот пред странските инвеститори и намерниците кои сакаат да ја посетат Република Македонија.

Ние, како Агенција за цивилно воздухопловство, сме подготвени да одговориме на сите предизвици кои значат, квалитетни услуги кои ќе ги понудиме на нашите ценети клиенти,преку соработката со нашиот високо едуциран и европски сертифициран кадар во странските центри за обука, да работиме на либерализизација на воздушниот транспорт во земјава согласно европските стандарди, а едновремено и да им овозожиме на нашите ценети клиенти, брз, безбеден, ефикасен и еколошки одржлив европски профилиран воздушен транспорт.

Покрај серијата надлежности кои ги има АЦВ, во делот на надзорот над работата на воздухопловните субјекти во земјава, создавањето прави рамки за воспоставување воздушен сообраќај со други земји..се грижите и за заштитата на правата на патниците.

Кога патниците можат да се жалат дека биле нарушени нивните патнички права?

Патниците кои веруваат дека имаат валидна жалба против авиокомпанија во однос на забранет влез во воздухоплов, сместување во пониска класа, откажување или големо доцнење на даден лет прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет. За таа намена може да се користи формулар, кој можат да го најдат на страната на АЦВ www. caa.mk. Им препорачуваме копија од поднесениот формулар да зачуваат кај себе заради лична евиденција.

Доколку во рок од 6 недели по приемот на жалбата, авиокомпанијата не им даде одговор или, доколку тие не се задоволни од нивниот одговор, итиот формулар или копија од оригиналната форма да испратат, Агенцијата за цивилно воздухопловство каде ќе добие правна помош.

Согласно Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај и преземените европски регулативи, од јануари 2009 година во Република Македонија се применува Регулативата на Советот и Европскиот Парламент, 261/2004 за заштита на правата на патниците односно утврдување на заеднички правила за обештетување и помош на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување или големо доцнење на нивните летови.

Колку последната одлука на Европскиот суд на правдата авиокомпаниите да ги обештетуваат патниците ако летот доцни поради непредвидени тахнички проблеми, ќе влијае врз заштитата на правата на патниците и врз понатамошната ефикасност на авиокомпаниите во реализацијата на воздушниот сообраќај?

Во исклучително голема мера ке влијае и врз подигнувањето на заштитата на правата кои ги уживаат патниците, но и врз понатамошната ефикасност на авиокомпаниите во реализацијата на воздушниот сообраќај.

Авиокомпаниите ќе треба да им плаќаат обештетување, кога нивните летови се одложени или доцнат поради непредвидени технички проблеми.

Случајот по кој одлучувал судот е за холандски пар чиј лет од Кито, Еквадор, до Амстердам, бил одложен за 29 часа. Авиопревозникот KLM откажал да им плати обештетување оправдувајќи се дека причините за доцнењето биле „вонредни околности”.

А, кога навистина се работи за вонредни околности авиокомпаниите не се должни да плаќаат компензации, но под ова оправдување одат само лоши метеоролошки услови, штрајкови, политички нестабилности, што не зависат на никаков начин од превозникот.

Досега, компаниите одбиваа да платат обештетување доколку каснат или одложуваат поради некои наведени причини.

Колкава е оштетата за патниците за доцнење на летовите повеќе од три часа и од што зависи висината на истата?

Авиокомпаниите што ќе доцнат повеќе од три часа ќе мора да им исплатат отштета на патниците од 250 до 600 евра во зависност од далечината на летот. Оваа одлука на Европскиот суд на правдата ја официјализираат и европските воздухопловни власти. Таа ќе важи за сите авиокомпании, ќе биде задолжителна, патниците ќе можат да си побараат отштета само ако задоцнувањето или одложувањето на летот не се однесува на вонредни околности кои се надвор од контрола на компанијата. Патниците можат да си побараат отштета од 250 евра за релации до 1500 километри, 350 евра за релации до 3500 километри и 600 евра и повеќе за релации над 3500 километри.

Во кои случаи патниците треба да добијат хотелско сместување и трансфер до хотелот?