29.08.2014

 

Почитувани,

Ми преставува огромно задоволство да Ви го преставам изданието на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Каталог на активности за периодот 2011 – 2014 како и видео презентацијата, кои даваат приказ од нашите стремежи и достигнувања во приближувањето на македонскиот воздухопловен систем кон ценетиот европски и светски воздушен сообраќај.

Изданието ги содржи нашите активности, проекти и визии насочени кон идниот развој на македонското цивилно воздухопловство во согласност со меѓународните стандарди и хармонизирање со високите критериуми на Европската Унија, пан – европските опсези и регионални соработки, особено во поглед на безбедноста, обезбедувањето, економските перформанси и аспектите поврзани со екологијата, а се во корист на корисниците, воздухопловството, туризмот, економијата и патувачката јавност во општо.   Се надеваме дека прегледот даден во ова издание на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија ќе Ви биде од корист и вашите коментари се добредојдени.

Истакнувам дека електронската верзија на Каталогот на активности за периодот 2011 -2014 како и видео презентацијата се наоѓаат на нашите веб страни: www.caa.mk  и www.dejanmojsoski.mk.

Со почит,

Директор
д-р Дејан Мојсоски
Агенција за цивилно
воздухопловство  на
Република Македонија