На 14 јуни 2023 година во просториите на Агенијата за цивилно воздухопловство се одржа состанок со претставници на Координативниот центар за потрага и спасување на Република Албанија. Делегацијата составена од претседателот на албанскиот центар за потрга и спасување, шеф на координација на потрага и спасување и координатор за SAR остварија средба со директорот на Агенцијата г-дин Томислав Тунтев и вработените одговорни за активностите поврзани со потрага и спасување во цивилното воздухопловство.

Оваа среда се оствари во рамките на добрососедството и подобрување на соработката меѓу земјите, која е и една од пишаните одредби во Анекс 12 – „Потрага и спасување“ на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Беше разгледана можноста за билатерална соработка во делот на координирање на субјактите за потрага и спасување и прекуграничната соработка, како и можноста на Република Албанија да стане член на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC).

Агенцијата за цивилно воздухопловство како претседавач на RASARAC во 2023 година ја промовираше работата на Комитетот и ги претстави целите за меѓусебна соработка и поддршка на земјите – членки во подобрување и унапредување на оперативната меѓугранична соработка и градење и развој на капацитетите за потрагата и спасување. Делегацијата се сложи дека од голема значење ќе биде члеството на Република Албанија во RASARAC и потенцираше дека ќе понесат иницијатива за пристап, а Агенцијата за цивилно воздухопловтво како прецедавач на Комитетот ќе помогне таа иницијатива да се реализира.