Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Европската комисија организира „Работилница за влијанието на условите на ИКАО за познавање јазик врз воздухопловната безбедност“. Работилницата е финансирана преку ТАИЕКС, инструмент на ЕУ кој претставува краткорочна техничка помош за земјите-кандидатки и потенцијалните кандидати од Западен Балкан во областа на приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ како и во надградбата на неопходната административна структура.

Работилницата се одржа од 6-8 март 2024 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На работилницата учествуваат претставници на ИКАО, ЕАСА, професионалци од државите од Западен Балкан, како и Молдавија, Грузија, Узбекистан и Украина, претставувани од цивилните воздухопловни власти, одобрените организации/тела за проценка на познавање на воздухопловен јазик, како и инструктори за воздухопловен англиски јазик.

Работилницата опфаќа преглед на регулативата на светско ниво, на ниво на ЕУ, во индивидуалните држави, како и имплементацијата на истата. Се разгледуваат условите, барањата, работата и одговорностите на цивилните воздухопловни власти, организациите/телата за проценка на познавањето јазик, како и искуствата и предизвиците во пракса и имплементација.