Почитувани колеги,

Со голема тага ве известуваме дека на 22.02. 2022 год., во Скопје, ненадејно почина, нашиот ценет и драг колега, Мишко Србиновски, Раководител на одделение за обезбедување во воздухопловството и член на Управниот одбор на АЦВ.

Србиновски, е роден на 22.09.1961 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје. Својата професионална кариера ја започнал во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, за во 2001 година, да ја продолжи како воздухопловен инспектор за обезбедување на аеродроми, во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Србиновски зад себе остави богата професионална кариера во сферата на безбедноста на авиосообраќајот.

Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите.

Вечна му слава.