Во духот на своите заложби за негување на традицијата за промоција на воздухопловството меѓу младата популација, како професија која нуди висок спектар на можности и силна економска перспектива, Агенцијата за цивилно воздухопловство, објавува конкурс за избор на ликовни творби, за учениците од средните училишта во земјава, и тоа:

  1. За ликовна творба за ученици од 15 до 18 години

 

Мојот совршен воздухоплов за иднината би бил иновативен, еколошки пријатен и технолошки напреден. Тој би имал висока ефикасност на гориво, би користел напредни материјали кои го намалуваат својот еколошки отпечаток, и би имал напредни системи за безбедност и комуникација за подобро и посигурно воздушно патување за сите. Таков воздухоплов би овозможил истражување на нови дестинации, безгрижно патување и позитивен придонес кон заштитата на животната средина.

Ликовните творби можат да бидат изработени во било која ликовна техника.

 

Ликовните творби кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат дисквалификувани.

 

На ликовните творби треба да стои шифра и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме на ученикот, датум на раѓање, училиште, општина и телефонски број за контакт).

Ликовните творби заедно со пликот со податоци за ученикот кој ја нацртал ликовната творба, се доставуваат во затворен плик, со следната ознака „За ликовен конкурс на тема “Мојот совршен воздухоплов од иднината и треба да бидат испратени најдоцна до 1 мај 2024 година до Агенцијата за цивилно воздухопловство на следнава адреса: ул. „Даме Груев“ бр.1, 1000 Скопје.

 

НАПОМЕНА: САМО ЗА НАГРАДЕНИТЕ ТВОРБИ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ПОСЕБНИТЕ ВНАТРЕШНИ ПЛИКОВИ ВО КОИ ЌЕ БИДАТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА УЧЕНИКОТ.

 

Имињата на наградените ученици ќе бидат објавени на веб-страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а истите ќе добијат почесни признанија и награди за нивните креативни достигнувања:

1 ва награда -Дрон

2 ра награда -Дрон

3 та награда -Дрон

За изборот на најдобрите ликовни творби, ќе одлучува посебна жири комисија, во чиј состав, ќе учествуваат 7 лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство и 1 стручно лице од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ.

Агенција за цивилно воздухопловство