Нетпрес, 11.04.2010

 

Два британски воени авиони биле снимани како летаат во западниот регион на Англија, во потера на неидентификуван летачки објект. Непознатиот снимател објавил видео како борбени авиони бркаат кружен објект на небото, а се верува дека снимката, што трае 30 секунди била снимана во една северна станица на еден паркинг во Вест Мидленд. Британските медиуми наведуваат дека експертот на НЛО, Ник Поуп, сметал дека оваа снимка би можела да предизвика престврт во докажувањето на постоењето на вонземски живот. “Ова е една од најдобрите снимки на НЛО кои сум ги видел во животот. Можеби станува збор за некој воен проект, бидејќи само така би ги објаснале воените авиони, но обично такви проекти не се изведуваат на сред ден, но затоа можеби станува збор за вистина “, рекол Поуп. Британското министерство за одбрана одбило да го коментира наводното видување на НЛО, а од полицијата во Вест Мидленд истакнуваат дека не добиле никакви пријави од соочувањето со неидентификувани летала во близина на патот М5.