Согласно Правилникот за екипаж на воздухоплов („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 228/2020), кој почна да се применува од 01.04.2021 година,  дозволите за пилоти на авиони и хеликоптери издадени согласно условите и постапките на JAR FCL 1,  Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија мора да ги замени во Part-FCL дозволи, најдоцна до 01.04.2022 година.

Поради тоа, секој носител на македонска JAR-FCL дозвола мора да ја замени дозволата во согласност со Правилникот за екипаж на воздухоплов („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 228/2020) – ЕУ Регулатива 1178/2011. Процесот на замена на дозволата може да се спроведе при поднесување на барање за продолжување или обнова на овластување, впишување на знаење на англиски јазик согласно ICAO Док.9835 или било кое друго барање, или посебно. Подносителот на барањето мора да поднесе Барање за замена на JAR-FCL дозвола во Part-FCL дозвола (PEL-FRM-001)