МИА, 06.06.2010

 

Анкара, 7 јуни 2010 (МИА) – Турски воени авиони бомбардираа бази на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, објави електронското издание не весникот „Хуриет“.

Според истиот извор, шест авиони ловци на турското Воено воздухопловство бомбардирале бази на ПКК на планината Халкурк, која се наоѓа во близина на тромеѓето меѓу Ирак, Иран и Турција.

Ирачката Патриотска унија на Курдистан на својата веб страна објави дека пред нападите на ловците, реонот го надлетувале два турски извиднички авиони. сп/19:18