Вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство земаа активно учество во третиот по ред саем за воздухопловно образование „SKOPJE AIR FAIR”, кој се одржа на 28.10.2023 г. во Градскиот парк во организација на здружението „Авикон“. На настанот посетителите имаа можност да се запознаат со надлежностите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и со најразличните професии од областа на воздухопловство.

На најмладите посетители им беше понудена можност да ги покажат своите вештини во изработка на хартиени макети на авион преку учество во натпревар организиран во соработка со макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“ од Скопје и здружението „Авикон“.

Преку поддршката на овој настан, Агенцијата за цивилно воздухопловство ги потврдува своите заложби за промоција на воздухопловството пред идните генерации на воздухопловни професионалци.