На 13 и 14 Јуни, во просториите на Агенцијата, се одржа билатерална, пријателска средба помеѓу претставници на Департментот за национална безбедност на САД, Администрацијата за обезбедување во транспортот на САД и Агенцијата за цивилно воздухопловство. Целта на оваа работна средба беше во насока на продлабочување на соработката и размена на искуствата од областа на обезбедувањето во цивилното воздухопловство.

Тема на разговор беше и проектот ‘Balkan Spirit 2’ на Администрацијата за обезбедување во танспортот на САД,  кој има за цел размена на искуства преку организирање на работилници и обуки за земјите од западен балкан во насока на подобрување на мерките за обезбедувањето во цивилното воздухопловство на глобално ниво.

Со оваа дводневна средба се продлабочи соработката помеѓу овие тела, преку реализација на конкретни заеднички активности и проекти што е од големо значење за меѓусебната меѓународна, како и регионална соработка во оваа област на цивилното воздухопловство како би се постигнало унапредување на мерките за обезбедување во воздушниот сообраќај и подигање на условите за работа на повисоко ниво.

Ова е прва од многуте средби кои во духот на добрата соработка се очекува да бидат одржани во рамките на идните планови и проекти