Тим од инспектори од Агенцијата цивилно воздухопловство, зема учество на вториот по ред, Воздухопловен академски и кариерен саем, Skopje Air Fair, кој во организација на невладината организација АВИКОН, се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Целта на Саемот, беше промоција и популаризација на воздухопловните професии кај младата популација, кои на промотивните пултови на повеќето воздухопловни субјекти од земјава и странство, имаа можност интерактивно да се вклучат во спознавање на професиите, пилот, контролор на летање, воздухопловни инженери и техничари, инспектори за безбедност во авиосообраќајот, за лиценцирање на школски воздухопловни центри, и други видови воздухопловен персонал.

Стручниот воздухопловен кадар пак, неколку часа, се обидуваше да ја задоволи љубопитноста на големиот број млади посетители, кои сакаат да ги спознаат вештините и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор.

Како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, како да станат дел од едукативните центри за обука на пилоти, и воздухопловен технички кадар, кои се надлежностите на инспекторите во Агенцијата за цивилно воздухопловство, и многу други прашања и одговори, присутните можеа да добијат, на промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на саемот, годинава на својот промотивен пулт, делеше информативни флаери, и беше застапена преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и обезбедувањето во воздушниот сообраќај во земјава, за аеродромски услуги, за лиценцирање на воздухопловен персонал…

Покрај домашните воздухопловни институции, со свои штандови, на Саемот беа присутни и преставници на унгарската авиокомпанија WIZZAIR, со членови на пилотската кадет програма, како и високи гости од Воздухопловната Академија на Србија.