На официјална церемонија во Софија, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Томислав Тунтев, и го предаде ротирачкото претседавање со Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (РАСАРАК) на директорката на Управата за цивилно воздухопловство на Република Бугарија, Анелија Маринова.

Во рамките на претседателството треба да се организираат и одржат состаноци на Управниот одбор и експертските работни групи во комисијата кои работат на прашања за прекугранична соработка, оперативни процедури и договори, обука и подготовка, надзор за пребарување и спасување.

Македонија е членка на Комитетот од 2016 година, а претседавањето со RASARAC во 2023 годината го презеде од Република Црна Гора.

Членството и досегашното вклучување во работата на RASARAC е од големо значење за македонското цивилно воздухопловство, како начин за воспоставување посилна регионална соработка и стандарди во областа на потрагата и спасувањето

RASARAC е основан во 2016 година, а во неговата работа во моментов учествуваат 10 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и Чешка), а Грција и Албанија изразија интерес да се приклучат.

Формирањето на овој Комитет беше поддржано од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) и ЕУРОКОНТРОЛ.