Агенцијата за цивилно воздухопловство, во јуни годинава, овласти двајца нови лекари-испитувачи за процена на здравствена способност на воздухопловен персонал (AME), за Медицински уверенија Класа 2, Класа 4 и Класа ЛАПЛ (LAPL). Со новите овластувања, на кандидатите за проверки за здравствена способност за воздухопловен персонал (носители и потенцијални носители на дозволи) им се отвораат повеќе можности при изборот на лекар-испитувач (Овластено лице од АЦВ), како и поголема достапност на воздухопловен медицински персонал за навремени и ефикасни здравствени проверки.
Имено, по серијата консултативни средби, советувања и инспекциски надзори реализирани од страна на експертски тим од АЦВ, во периодот од февруари до јуни, беше констатирано дека, лекарите баратели, ги исполнуваат условите, да вршат процена на здравствена способност на воздухопловен персонал (AME), за Медицински уверенија Класа 2, Класа 4 и Класа ЛАПЛ (LAPL).
Подетални информации за новите лекари-испитувачи можете да најдете на следниот линк: List of Approved MKD CAA AME-AeMC-OHMP