Агенцијата за цивилно воздухопловство во Скопје, вчера беше домаќин на работна средба меѓу директорите на македонските и косовските цивилни воздухопловни власти, д-р Томислав Тунтев, и г-дин Бујар Ејупи.

На средбата, на која присуствуваа и преставници на менаџерските тимови на двете агенции. беа разменети мислења и ставови во врска со голем број важни прашања и активности од областа на меѓународната соработка, во рамките на воздухопловните организации и здруженија.

Во духот на добрососедските односи, двајцата соговорници, ја изразија и потребата од подигнување на степенот на соработка при размена на искуства и практики во сферата на правната регулатива. Едновремено, беа разгледани и можностите за развој на билатералната соработка во насока на доедукација на воздухопловниот персонал, во делот на безбедноста, обезбедувањето, олеснувањето, инспекцискиот надзор, како и регулацијата на активностите на субјектите од авиоиндустријата.