Се повикуваат лицата кои ги исполнуваат условите од „Правилникот за критериумите и постапка за овластување на лица за испитувач во листата на воздухопловни стручњаци“ во соодветните делови/области/предмети да поднесат барање во согласност со правилникот.

Барање поднесуваат лица кои не се во постојните објавени и ажурирани листи објавени на страната на АЦВ или за проширување на елементите/предметите за кои се веќе назначени.

Образецот за поднесување на барањата е даден на страната на АЦВ (PEL-FRM-040). Кон барањето кандидатите баратели да ги достават потребните документи наведени во Прилог 2, точка 4.

Рокот за поднесување на барањата се продолжува до 10 Октомври 2023 година.