Усогласување на македонското законодавство со законските прописи на ЕУ како и негова примена во сферата на воздухопловната безбедност, беше цел на тридневната обука на тема „Управување со платформа“, реализирана во рамките на програмата ЕАСА-ИПА 5.

На обуката, покрај вработените во АЦВ, учествуваа и претставници од цивилните воздухопловни власти и воздухопловната индустрија од земјава и регионот.

Управување со платформа е од клучно значење за безбедноста и ефикасноста при  возење на воздухоплови по земја, сервисирање, полнење гориво и поставување и складирање на опрема. Едновремено, неопходна е редовна оптимизација за приспособување на различните потреби истовремено одржувајќи ја усогласеноста со регулаторните барања, опфатени во Регулативите (ЕУ) 139/2014 и 2020/1234 на Комисијата.

Обуката, дополнително има за цел, да им обезбеди поддршка на учесниците на истата, сублимиран преглед на одредбите поврзани со управувањето со платформа, како од перспектива на националните воздухопловни власти, така и од перспектива на операторот на аеродромот, со фокус на спроведувањето на регулативите и обработката на сценарија од реални случаи.