Врз основа на членот 9 од Законот за воздухопловство, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18 ноември, 2022 година, за член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство ја именува, Весна Павлов, дипломиран инженер за воздушен сообраќај и транспорт.

Во своето професионално портфолио, Павлов, бележи 17 години работно искуство, на повеќе одговорни позиции во воздухопловниот сектор, а во моментов е воздухопловен инспектор за аеродромски услуги.