Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев,  на пригодна свеченост во просториите на Агенцијата, им ги додели наградите на тројцата победници на натпреварот за изработка на хартиени макети. Богдан Томески, Матеј Ѓорѓиев и Максим Илиевски, со своите креативни дела,  добија признание од стручното жири, најуспешни на натпреварот, кој беше организиран во соработка на АЦВ со здружението за подобро воздухопловство „Авикон“ како и макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“ од Скопје.

Натпреварот, се одржа во текот на овогодинешниот саем за воздухопловство „Skopje Air Fair”.

Честитајќи им ги наградите на младите таленти, директорот Тунтев, им порача, да продолжат  со својата креативност, да ја негуваат својата љубов кон воздухопловството, но и да ја шират меѓу своите врсници. Бидејќи, авијацијата, според него, преставува исклучително значајна гранка, за развој на комуникациските вредности меѓу современите општествен системи.

АЦВ, преку поддршка на млади воздухопловни таленти, продолжува со својата мисија, визија и стратешка цел, за промоција и развој на воздухопловството во земјата.