Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува на третиот по ред саем за воздухопловно образование „SKOPJE AIR FAIR”, кој ќе се одржи на 28.10.2023 г. (сабота) во 11 часот на „Школка“ во Градскиот парк. Целта на овој саем за промоција на воздухопловството е  приказ на едукативните можности поврзани со оваа област во земјава и регионот за младите кои би биле заинтересирани професионално да се надградуваат во областа на воздухопловството.

Посетителите ќе имаат можност преку разговор со вработените од Агенцијата за цивилно воздухопловство детално да се запознаат со различните професии од областа на воздухопловството. Во соработка со макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“ и здружението „Авикон“, Агенцијата за цивилно воздухопловство преку натпревар во изработка на хартиена макета на авион ќе ги поддржи со награди највештите млади љубители на воздухопловството.