14.10.2019

 

Во Домот на културата Кочо Рацин (Дом на Градежници) во Скопје, утре во 12ч, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ќе се одржи свечено доделување на наградите за учесниците на ликовниот конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднината, каде официјално ќе биде отворена и изложба на сите пристигнати ликовни творби на конкурсот. Изложбата ќе трае три дена.

Наградите и признанијата на учесниците во првата и втората категорија, ќе им ги додели директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев.