Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 8 до 12 мај е домаќин на TAIEX работилница за подобрување на стандардите за вршење обука во областа на цивилното воздухопловство. Целта на оваа работилница е да им се обезбеди поддршка на инструкторите од областа на цивилното воздухопловство во насока на подобрување на нивните вештини и компетенции заради исполнување на законските услови поврзани со обука, која е соодветна за функциите и задачите на персоналот во воздухопловството. Експерт од Франција ќе ги сподели своите стручни познавања и искуства за стандардите на ЕУ за спроведување обука во областа на цивилното воздухопловство.

Оваа работилница се реализира во рамките на инструментот TAIEX, преку кој се поддржува примената на законодавството на ЕУ и размената на најдобрите практики на ЕУ.