Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 25 ти и 26 април, во Скопје, одржа состанок на Работните групи и Експертскиот тим на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство – RASARAC.

На состанокот присуствуваа 40 тина домашни и странски гости, преставници на RASARAC од Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, како и стручни гости од EUROCONTROL за соработка со RASARAC,  JAA во однос на обуките, како и од националните единици од Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, М-НАВ. – Давател на услуги во воздухопловната навигација, Центар за управување со кризи, ТАВ Македонија, Дирекција за заштита и спасување, Црвен крст на РМ, Воздухопловна федерација на Македонија одговорни за активностите поврзани со потрага и спасување во цивилното воздухопловство.

Темите на дискусија на состанокот беа посветени на унапредување на меѓусебната соработка и поддршка на земјите-членки, подобрување на оперативната меѓугранична и соработка со меѓународни организации ICAO, EUROCONTROL, COSPAS-SARSAT, JAA TO, градење и развој на капацитети за потрагата и спасување на воздухоплови во опасност, имплементација на стандардите, прописите и процедурите на ICAO од областа на потрага и спасување.

АЦВ претседателството со RASARAC го презеде во февруари 2023 година и планира да организира уште најмалку еден состанок на Експертскиот тим и Управниот одбор на RASARAC до крајот на годинава.

RASARAC е основан во 2016 година и до денес во неговата работа учествуваа 10 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска, Чешка и Унгарија).

Формирањето на овој Комитет беше поддржано од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) и од EUROCONTROL.