Инспектори од цивилните воздухопловни власти од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, од 15-ти до 19-ти мај годинава, во Скопје, учествуваат на курсот „Човечки фактор за регулатори“, во организација на Воздухопловната академија на Сингапур.

            Главната цел на  курсот е, е подигнување на степенот на вештини и знаења кај инспекторите, при вршење инспекции во областа на цивилното воздухопловство.

            Организацијата на овој курс е резултат на повеќегодишна успешна соработка меѓу Македонската агенција за цивилно воздухопловство и Воздухопловната академија на Сингапур, која е насочена кон подигнување на нивото на компетенциите на вработените во областа на цивилното воздухопловство.

Имено, искусните инструктори од Сингапур ги споделуваат своите знаења со претставниците на цивилните воздухопловни власти од регионот, поттикнувајќи ја воедно и размената на искуства поврзани со оваа проблематика.