Алфа ТВ, 19.04.2010

 

Опасноста од облакот од пепел од вулканот во Исланд се уште ги блокираат летовите од Европа кон Скопје и обратно. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ од утринава е реализирано полетување само кон Загреб на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“. Останатите предвидени летови се одложуваат, а аеродромоските служби засега немаат информации дали ќе се реализираат. Во планот за летање на скопскиот аеродром за денеска е предвидено полетување кон Брисел, Дизелдорф, Истанбул, Прага, Виена, Будуимпешта, Љубљана и Загреб.На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се предвидени ниту полетувања, ниту слетувања