Во организација на ЕУРОКОНТРОЛ и Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 3 до 4 октомври, во Скопје се одржа работилница на тема „Култура на праведност“. Експертите од ЕУРОКОНТРОЛ, Јавното обвинителство на Холандија и претставникот на Меѓународната федерација на здруженијата на контролори на летање ги споделија своите знаења во врска со правните и институционалните аспекти на културата на праведност.

На работилницата учество земаа претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Давателот на услуги за воздухопловна навигација (М-НАВ), аеродромскиот оператор (ТАВ), Македонската воздухопловна федерација и Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

Работилницата е реализирана во рамките на програмата „Поддршка на земјите“ преку која ЕУРОКОНТРОЛ им обезбедува поддршка на цивилните воздухопловни власти на нејзините земји-членки.