12.01.2013

 

Една од најзначајните обврски преземени од страна на Владата на Република Македонија, кога станува збор за развојните процеси и подобрувања на општата инфраструктура, е модернизацијата на аеродромската инфраструктура. Согледувајќи ја потребата за модернизација на аеродромите, Владата ги даде под концесија двата меѓународни аеродроми Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид на турската компанија ТАВ. Според договорот за концесија, ТАВ е должен да ги модернизира аеродромите во Скопје и во Охрид, а со тоа да го зголеми квалитетот на услугите и интересот на авиокомпаниите и намалување на цената на превозот .

Со инвестицијата во износ од над 100 милиони евра од компанијата концесионер ТАВ, Македонија денес има два обновени и модернизирани аеродроми во Скопје и Охрид со најсовремена технолошка опрема според меѓународните стандарди.

Обновениот аеродром во Охрид Св. Апостол Павле официјално стана оперативен на 10 април 2011 година. Покрај тоа, во рамките на обновувањето на аеродромот во Охрид, беше изградена и нова ВИП зграда, беа обновени објектите на карго центарот, беше обновен паркинг простор, беше изградена нова пречистителна станица и беа набавени нови противпожарни возила, како и техничките опрема во согласност со строгите услови за нормално функционирање на воздушниот сообраќај.

Новиот Аеродромот во Скопје – Александар Велики беше пуштена во употреба на 6 септември 2011 година, при што Македонија е земја со најсовремен аеродром на Балканот. При обновата и модернизацијата изградена е нова терминална зграда со обем од 40.000 квадратни метри, со шест патнички пристапни мостови, 23 точки за пријавување, паркинг за 1.300 возила, нов пристапен пат заедно со нова обиколница, полетно – слетната патека беше продолжена 500 метри на јужната страна, беа изградени карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна и спасувачка станица за воздухоплови, 5.000 квадратни метри деловен објект, како и нова комунална инфраструктура.

Новите и модернизирани аеродроми беа изградени во согласност со најновите и модерни светски стандарди, при што аеродромот во Скопје “Александар Велики” има нова опрема, и со тоа се обезбедува овој аеродром да работи во согласност со најновите меѓународни стандарди. Сето ова овозможува значително подобри услови, стока и простор за патниците, кои ќе обезбедат поголем број на патници, туристи и вложувања во Македонија.

Во соработка со концесионерот на аеродромите – ТАВ, се реализираат активностите за привлекување на ниско тарифни авиокомпании, обезбедување на брзи, евтини и високо квалитетни патување за македонските граѓани кон европските метрополи.

Сите патници и туристи кои пристигнуваат во Македонија се здобија со поинаква слика преку модернизацијата на  аеродромите.

Остварувањето на уште еден проект обезбедува нова слика на градскиот сообраќај во главниот град Скопје. Станува збор за обнова на возниот парк со нови автобуси, набавени со средства од Владата на Република Македонија. Во возниот парк на ЈСП  “Скопје”, веќе оперираат 80 нови ниско подни и 69 нови двокатни автобуси, од кои едниот е панорамски. Така, ЈСП “Скопје” има 149 нови автобуси, што значи дека 50 проценти од возниот парк е заменет, а во наредните две години, ќе пристигнат останатите 202 автобуси, и на тој начин ќе се изврши целосно обновување на возниот парк.

Кон крајот на 2011 годинасе очекуваат да пристигнат нови 16 минибуси.

Автобусите се произведени во согласност со сите тековни водечки светски технологии и содржат надворешен и внатрешен панели за известување, климатизација, рампи за лица со намалена мобилност, како и еколошки мотори кои имаат намалено загадувањето а поголема километража.

Новите двокатни автобуси имаат изглед од шеесеттите, но направени се во согласност со најсовремена технологија и се клучни туристички атракции во Скопје, а со тоа, го презентираат градот во сосема нов имиџ.

Со реализација на овој проект и обновување на возниот парк на ЈСП  “Скопје” со средства на Владата на Република Македонија на граѓаните им се обезбедува квалитетен, комфорен, побрз и модерен јавен градски превоз.