Како активен чинител во областа на воздухопловната безбедност, Агенцијата за цивилно воздухопловство презема активности за промоција на безбедноста, преку запознавање на вработените и претставниците на воздухопловната индустрија со најновите случувања од областа на воздухопловната безбедност.

Промовирањето на безбедноста е еден од клучните начини за остварување на целите на управување со безбедноста во областа на воздухопловството и придонесува за континуирано подобрување на системот за воздухопловна безбедност.

Во таа насока, во текот на средбите беа презентирани најзначајните аспекти на Националната програма за воздухопловна безбедност, Националниот план за безбедност за периодот од 2021г. до 2025г., како и целите на безбедноста, индикаторите и целните вредности на ефикасноста на безбедноста за периодот од 2021г. до 2025 г.

На овој начин, Агенцијата за цивилно воздухопловство активно придонесува кон подигнување на свеста и подобрување на знаењата од областа на воздухопловната безбедност.