По повод одбележувањето на јубилејот 100 години македонско воздухопловство,  Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д – р Томислав Тунтев, на 4 ца пилоти, членови на Аероклубот Скопје, им додели Плакети за промоција на македонското воздухопловство во земјава и светот.

Честитајќи им на импозантноста со која беше организиран неодамнешниот аеромитинг на спортскиот аеродром Стенковец, директорот Тунтев, на Дејан Саздов, Миле Зечевиќ, Јане Стефанов и Никола Давидов им се заблагодари за напорите кои како тим ги вложуваат во популаризацијата и промоцијата на македонското воздухопловство низ светот.Едновременено и им потенцираше, дека, било вистинска чест и задоволство да се биде дел од еден таков високо професионално организиран воздухопловен настан, на кој со гордост и голема возбуда присутните ги следеа воздушните акробации на македонските и странски воздухоплови, над македонското небо.

Директорот Тунтев средбата ја искористи на присутните да им укаже и дека,  АЦВ, со тимот од воздухопловни експерти, им стои на располагање со стручна, морална и институционална поддршка, при реализација на идни спортски и промотивни воздухопловни активности во земјава и светот. Но, и како што рече, со својата професионалност и стручност, да ја гарантира безбедноста и сигурноста на спортските воздухопловни акробации и натпревари, кои се реализираат над македонскиот воздушен простор.

Заблагодарувајќи и се на АЦВ, на поддршката и почитта која ја покажува кон нивните резултати, пилотите од аероклубот Скопје, на средбата во АЦВ, изразија надеж дека, нивниот успех во  организирање на аеромитингот, но и низа други спортски манифестации, ќе преставуваат поттик повеќе за голем број млади луѓе во земјава, да влезат во светот на воздухопловството и со заеднички сили да креираат спомени важни за негување и одржување на македонското воздухопловство, пред сегашните и идни генерации.

На средбата во АЦВ, заеднички беше констатирана потребата од поголема помош и поддршка во развојот на спортско реакреативни активности под покровителство на спортските клубови, од страна на релевантните државни институции.