А1, 05.05.2010

 

Британската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека од 7 часот изутрината по локално време е затворен воздушниот простор над Шкотска и Ирска поради нов налет на облакот вулканска прашина.

Ирска и Северна Ирска го затворија воздушниот простор на неколку часа и вчера, но во текот на ноќта ветрот го врати вулканскиот облак над островот.

Европската унија претпочита да не ги покрие штетите на авиопревозниците, но го поддржа предлогот на Европската комисија за обединување на воздушниот простор над континентот.