Со цел максимално да се искористат внатрешните капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а во насока на подобрување на знаењата на вработените во текот на месец ноември се одржува обука за воздухопловно право. Предавачи на обуката се експерти од Секторот за меѓународно правни работи. Темите кои се разгледуваат во текот на обуката се меѓународно и национално воздухопловно право, а посебен фокус е даден на начинот на транспозиција на меѓународните воздухопловни стандарди и препорачани практики во националните прописи.

Организацијата на оваа обука е дел од постојаните заложби на Агенцијата за цивилно воздухопловство за едукација на вработените во согласност со највисоките стандарди во областа на воздухопловството.