10.05.2013

 

Авиопревозниците Corendon Airlines и Sky Airlines во летниот период ќе вршат туристички чартер летови од Скопје до Анталија и обратно.

Имено, Corendon Airlines ќе лета од 3 јуни 2013 до 23 септември 2013 секој понеделник, а во периодот од 13 јуни 2013 до 19 септември 2013 секој четврток.

Sky Airlines ќе лета од 9 јуни 2013 до 16 септември 2013 година во понеделник, а во периодот од 12 јуни 2013 до 12 септември 2013 во четврток.