Алфа ТВ, 19.03.2010

 

Израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз објекти во Појасот Газа, ден откако од таа палестинска територија врз Јужен Израел беа истрелани две ракети, од кои едната уби тајландски земјоделец во израелски кибуц.Засега нема податоци за жртви, ниту пак за материјалните штети, причинети од воздушните напади. При првиот напад, ракета истрелана од израелски авион уништила отворен терен во близина на градот Хан Јунис во Појасот Газа. Во вториот воздушен напад израелска ракета погодила институт за претопување на метали во близина на градот Газа. Мета на третиот воздушен напад биле тунели за префрлување на шверцувани стоки од Египет кон Појасот Газа.Израел вчера предупреди, дека адекватно и силно ќе одговори на двата палестински ракетни напади.