Агенцијата за цивилно воздухопловство од 3 мај годинава, започна со организација за полагање на испити (модули),потребни за стекнување на дозвола по Дел 66, конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел 66, како и за одстранување на лимитации стекнати при конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел 66.

Целта, на полагањето испити организирани од страна на Агенција за цивилно воздухопловство е, на заинтересираните лица да им се овозможи, да ги положат модулите во Македонија и да ги исполнат законските услови за стекнување на дозвола како стручен персонал – авиомеханичар.

Испитите ги спроведуваат стручни лица од Одделението за пловидбеност на АЦВ.

Испитите се спроведуваат секој работен ден, до 7 јуни 2023 година, на Спортскиот Аеродром Стенковец, по веќе дефиниран и објавен календар.