Денеска на Меѓународен Аеродром Скопје се одржа заедничка SAFA(Safety Asessment od Foreign Aircraft)-безбедносна инспекција на странски авиони, на која покрај македонските инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство, присуствуваа и инспектори од цивилните воздухопловни власти на Косово.

Целта на ваквата заедничка SAFA инспекција, беше обука на работно место и размена на искуства, како и безбедносна контрола на меѓународните воздухоплови, кои што слетуваат во земјава.

Ваков тип на безбедносна проверка на странски воздухоплови, македонските воздухопловни власти, реализираа и во соработка со инспекторски тимови на Црна Гора, Хрватска и Грција.