Македонските и грчките цивилни воздухопловни власти потпишаа Меморандум за соработка
04.04.2019
Во рамки на средбата на претставниците од македонските и грчките цивилни воздухопловни власти, што се одржа во Скопје на највисоко ниво, првите луѓе од двете агенции потпишаа Меморандум за соработка.
Имајќи ја во предвид неопходноста од преземање на важни и значајни чекори во насока на целосно вклучување на македонскиот воздухопловен транспортен систем во рамките на Единственото европско небо (Single European Sky), како и заедничката посветеност кон споделување на искуствата и позитивните практики за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки, и ценејќи ги вредностите од воспоставување на билатерална техничка соработка во областа на воздушниот сообраќај и транспорт, двете страни со Меморандумот ги договорија:
- Заедничките цели, насоки и принципи на меѓусебната соработка;
- Областите на идната меѓусебна соработка: лиценцирање, летечки операции, аеродроми, пловидбеност, регистар, навигациски услуги, управување со воздушниот сообраќај, безбедност, обезбедување од акти на незаконско постапување, патнички права;
- Формирањето на работни групи и експертски тела за техничка и оперативна соработка.
При потпишувањето на Меморандумот за соработка, генералните директори на двете агенции за цивилно воздухопловство уште еднаш ја потенцираа зедничката подготвеност за почеток на конкретни активности и развојни проекти од областа на воздушниот сообраќај и транспорт, во рамки на воспоставената билатерална соработка помеѓу двете држави.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк