Работилница за правата на патниците со попреченост од аутистичниот спектар

Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 10 и 11 септември во Скопје се одржа „TAIEX работилница за правата на патниците со попреченост од аутистичниот спектар“.
Работниот состанок, имаше за цел, да ја претстави иницијативата „Патување низ аеродромот на лица со аутизам“, да ги зголеми знаењата за регулаторните барања и да обезбеди подетално запознавање со процесите при реализацијата на воздушниот транспорт.Дополнително, на истата, беа презентирани и аеродромски процедури за обезбедување помош на патници од аутистичниот спектар, како и најдобрите практики за нивно опслужување.
Своите искуства и сознанија на присутните им ги пренесоа, експерти од италијанските цивилни воздухопловни власти – ENAC, г- дин Марк Де Лаурентис, директор на Одделот за заштита на правата на патници, како и г- ѓа Паола Тенти, виш службеник во Одделот за заштита на патници.
За време на дводневниот настан, учесниците од страна на колегите од италијанските цивилни власти, Де Лаурентис и Тенти, беа информирани и за применливата европска регулатива, а добија и упатства за правата на патниците со попреченост кои користат авионски превоз. Учесниците на работилницата, имаа можност да се запознаат и со италијански иницијативи и примери, кои веќе се применуваат на аеродромите во оваа земја.
Посебно внимание беше посветено на проектот „Патување низ аеродромот на лица со аутизам“, чија цел е да се поедностави целото патување – од пријавувањето, преку сите процедури на аеродромот, до пристигнувањето на дестинацијата – на начин кој е подостапен и со помалку стрес за патниците од аутистичниот спектар.
На работилницата покрај вработените во АЦВ, учество земаа и претставници од Министерството за транспорт и врски, од ТАВ Македонија, од повеќе авиопревозници со свои претставништва во земјава, од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Црвениот крст на РМ, од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, како и од Центарот за поддршка на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА Неготино“.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 |