Обука и советување за USOAP CMA како подготвителна активност за престојниот Аудит на АЦВ во 2026 година од страна на ICAO
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) активно се подготвува за претстојниот аудит на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), кој ќе се спроведе во рамки на Универзалната програма за надзор на безбедноста (USOAP).
USOAP претставува задолжителен систем за континуирано следење, воспоставен во 1999 година, со цел проценка на усогласеноста на државите членки со меѓународните стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство. Преку евалуација на 8 (осум) критични елементи во 8 (осум) области, програмата обезбедува воспоставување и одржување на ефективни и одржливи системи за надзор на безбедноста, во согласност со барањата на ICAO.
Во таа насока, беше одржана обука со претставници на АЦВ кои ќе учествуваат во процесот на аудитот и ревизијата. Обуката беше насочена кон унапредување на координацијата, зајакнување на подготвеноста и запознавање со клучните аспекти на USOAP аудитот.
Во рамки на обуката, USOAP координаторот одржа две презентации и практична демонстрација на самата USOAP CMA онлајн рамка. Првата презентација беше посветена на инспекцискиот процес, при што беа опфатени историјата на инспекциите, начинот на одговор на АЦВ на претходните аудити, тековното ниво на усогласеност, како и значењето на постигнатите резултати. Беше истакната нивната важност за државата и за понатамошниот развој и кредибилитет на цивилното воздухопловство во Република Македонија.
Втората презентација се однесуваше на процесот на самооценување, при што беа објаснети начинот на одговарање на прашањата, достапните алатки за поддршка и функционалностите на USOAP системот. Беше нагласено дека станува збор за напреден систем кој бара ефективна координација и соработка меѓу сите вклучени, со цел поефикасно и поквалитетно пополнување на прашалниците.
Дополнително, беше презентирано практично демо на USOAP системот, при што беа прикажани сите модули и нивната практична примена во процесот на подготовка за претстојниот аудит.
Во рамките на советувањето беа нагласени поединечните одговорности на секое одделение како и меѓусебните одговорности на раководителите на областите и поврзаноста на хоризонталните прашања во USOAP CMA онлајн рамката.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |

